Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски вели дека има начин како веднаш да се замрзнат платите на пратениците и тоа нема да биде ништо ново и до сега непозната пракса, пенесува „Телма“.
„Ако се чека Владата да достави текст на Закон – ќе се изначекате“, им укажа поранешниот претседател на законодавниот дом Трајко Вељаноски на претседателот на Собранието Талат Џафери и координаторите на пратеничките групи.
Тој, како што пренесува „Телма“, им предлага наместо да молчат, да свикаат ад-хок координација за Собрание на која би се донел Заклучок да се изготви Закон за измена и дополнување на законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, а службите во Собранието професионално да си ја извршат задачата и за неполн час ќе го изготват истиот.
Ваквото законско решение потоа, пратениците може да го донесат уште истиот ден на итна седница и тоа ќе стапи во сила веднаш, вели Вељаноски.







