Ленче Ристоска била дискриминирана при изборот на обвинители

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврдила дека обвинителката Ленче Ристоска била дискриминирана при изборот на обвинители од страна на Советот на јавни обвинители.



Ова обвинителката го соопшти на конференцијата што ја организираше Коалцијата „Сите за правично судење“ на која беа презентирани извештајот за работата на Судскиот совет и Советот на јавните обвинители, како и извештајот од набљудувањето на судските постапки, објави Фокус.

Одлуката се’ уште не објавена на веб страницата на Комисијата за да се види образложението.

Инаку, Ристоска јавно ја критикуваше работата на Советот и се најде на тапет на оваа инистуција која бараше таа да одговара за јавно искажаните ставови.