Три деца кои беа повредени во вчерашниот масакр во основно училиште во Белград – две момчиња и едно девојче – се’ уште се на Клиниката за детски болести.
Како што дознава Телеграф.рс, девојчето се уште е во тешка состојба, додека момчињата се стабилни.
Здравствената состојба на девојчето кое имаше повреди на главата се уште е непроменета и сериозна“, велат од клиниката за Телеграф.рс.
Девојчето, потсетуваат, вчера итно и било оперирано. Според директорката на клиниката во Тиршова, Синиша Дучиќ, операцијата била комплицирана, многу тешка процедура, по што нејзината здравствена состојба се уште е опасна.
Вршителот на должноста директор на детската клиника Синиша Дучиќ утрово изјави дека лекарите прават се за да ја одржат во живот, но дека нејзината општа состојба е многу сериозна и витално загрозена.
Според него, двете момчиња со прострелни рани на долните екстремитети се стабилни, примаат антибиотска терапија, а може да се каже дека момчињата се полесни пациенти, односно имаат полесни физички повреди.
Владата на Србија прогласи тридневна жалост по масакрот во кој ученик во основното училиште „Владислав Рибникар“ вчера уби осум соученици и член на училишното обезбедување и рани уште шест ученици и еден наставничка.
По масакрот основните и средните училишта во Белград вчера престанаа со работа, а денешниот ден ќе започне со едноминутно молчење.
Тридневната жалост започнува утре, 5 мај.







