Студеното време и концетрацијата на поголем број на лица во затворени простории ќе резултира со повеќе новодијагностицирани но и хоспитализирани од ковид-19, предупредуваат лекари според кои можно е да имаме „пандмиска зима“, објави „Сител“.
„Секој контакт во затворен простор каде има повеќе луѓе е ризик, и самата изборна кампања сега е ризик кој може да предизвика влошување на епидемиолошката состојба, но, сепак, ќе кажам дека ладното време и затворањето во простории е причина да очекуваме пандемиска зима, која ќе биде непознаница бидејќи сега имаме и вакцинирани граѓани. Не би сакале мешањето, односно комуникацијата во затворен простор меѓу вакцинирани и невакцинирани да биде причина за зголемување на бројот“ – вели др. Злате Мехмедовиќ.
Ризикот ќе биде зголемен и во образовните установи каде поради временските услови учениците ќе бидат затворени во една просторија со можност за што побрзо ширење на вирусот.
Сепак, лекарите не стравуваат дека ќе ни се повтори ланската зима кога болни молеа за болнички кревет туку апелираат за што помасовна имунизација.







