Лекари: Навални не е отруен!

Анатолиј Калиниченко, заменик на главниот лекар во болницата во Омск, каде е хоспитализиран рускиот опозиционер Алексеј Навални, изјавил дека во неговата крв и урина не се пронајдени ниту отров ниту траги од отров.



„Ние не сме на мислење дека пациентот бил затруен“, вели лекарот.

Портпаролката на Навални, Кира Јармиш ги обвини лекарите дека играат на време „се’ додека веќе не може да се докаже постоењето на отров во неговото тело“.

Со секој изминат час без да биде префрлен во друга клиника, се зголемува и опасноста по животот на политичарот, тврди неговата протпаролка.