Лекар заразен со коронавирус на партиски состанок!?

Доктор Арбен Аголи од Дебар, кој во вторникот ја информираше јавноста дека е позитивен на коронавирусот за „Плусинфо“ потврдил дека бил на партиски состанок на Алијансата на Албанците.



„На состанокот не се поздравив со никого. Седев во последниот ред, далеку од другите“, изјавил Аголи за Плусинфо.

По објавувањтео на веста, Плусинфо доби фотографии од кои се гледа дека д-р Аголи навистина бил со маска, но истовремено се ракувал и бил во близок контакт со учесниците на состанокот.