Лека: „Заеднички именител за делата на политичарите од власта и нивниот напредок се танга-гаќите на пејачката Таина“

„До кое рамниште е деградирана политиката во земјата: веќе две недели тема се танга-гаќите на рап-пејачката Таина, која настапи и на 4 јуни на плоштадот ‘Скендербег’ во Скопје на прославата на 20-те години на ДУИ.“ – вели Виѓилент Лека во својата објава, која ја пренесоа информативната агенција ИНА и други медиуми на албански јазик со наслов „Власта, опозицијата и танга-гаќите на пејачката Таина’.“

Лека пишува: „Власта организира заморна прослава со ѕвездите на естрадата, а опозицијата не ги спушта очите од танга-гаќите на пејачката.“

„Власта никогаш не бидува обвинета поради вилите и луксузните автомобили , кои ги поседуваат нејзините функционери, туку поважни се танга-гаќите на Таина. Ех, танги.“

„Дали сте виделе некогаш политичари да зборуваат за богатството едни со други? Нормално дека НЕ. Во тој поглед се исти, сите ги уживаат привилегиите што им ги дава политиката.“

„Денес се потсетив за скандалот со гаќите во Албанија. Шукриу, еден поранешен градоначалник, повеќе беше обвинет поради исцепените гаќи, отколку за злоупотребата на службената положба.“

„Ова е реалноста на денешнината. Власта ни нуди танга-гаќи, а опозицијата ги ‘анализира’.“

„Колку што е смешен, толку е и трагичен поимот на гаќите (тангите) во политиката. Ако би се обиделе да најдеме заеднички именител за делата на политичарите и нивниот напредок, тогаш тој именител дефинитивно би биле ‘гаќите’.“