Поранешниот полски претседател Лех Валенса го номинирал рускиот опозициски лидер Алексеј Навални за Нобелова награда за мир, објави Газета Виборча.
Во обраќањето до Нобеловиот комитет, Валенса, кој доби Нобелова награда во 1983 година, истакна дека Навални покажал голема храброст и вложил значителни напори да ја расветли корупцијата, да го заштити правото на слобода на изразување и да се спротивстави на режимот во Русија, кој станува сè поавторитарен.
„Г-дин Навални денес се бори против тоталитаризмот, за идеалите на демократијата, основните човекови права и слободи и владеењето на правото, исто како што се борев пред неколку децении во комунистичка Полска“, рече Валенса.






