Јас сум човек што никогаш не бил именуван туку секогаш на избори сум добивал поддршка и легитимитет од граѓаните.
Оваа изјава за емисијата Магазин на ТВ Сител ја дава градоначалникот на Струмица и еден од најблиските луѓе на Зоран Заев.

Костадин Костадинов е свесен дека лидерот на неговата партија Ковачевски како премиер има сериозен проблем со легитимитетот затоа што дојде на премиерската позиција без да оди на избори, но сепак зборува на темата.
Со тоа Костадинов кој е член на извршниот одбор на СДСМ индиректно упатува порака дека легитимитетот на Ковачевски ќе е спорен се додека не отиде на избори.
Според анкетите ако Ковачевски оди на предвремени парламентарни избори ќе доживее катастрофален пораз.
Делот каде Костадинов зборува за легитимитетот без избори
https://www.facebook.com/524748769/posts/10159905244953770/
Целата емисија Магазин на Сител






