Легитимен е притисокот Бугарија да го отвори патот на Македонија кон ЕУ, вели Ќучук

Надворешниот притисок врз Бугарија во однос на Северна Македонија е легитимен бидејќи Бугарија го запира европскиот проект, а Европската Комисија даде јасен сигнал дека сака земјата да биде многу сериозен фактор на Балканот, истакна известувачот за Северна Македонија од Европскиот Парламент и европратеникот Илхан Ќучук за време на деветтата годишна конференција „Балканот во 21 век – бугарскиот поглед“ на тема „Односите меѓу Бугарија и Северена Македонија – Како отсега па натаму“, пренесе МИА.



Тој посочи дека е опасно да се предлага разделување на Македонија и Албанија, бидејќи тешко ќе им се објасни на партнерите во Скопје зошто треба да се случи тоа и да биде пуштена Албанија да продолжи сама, а не заедно со Северна Македонија.