„Смешен си господине и жален. Гледај си политика и пушти ги хероите да уживаат. За нив треба споменици, а не пасоши“, напиша македонската фудбалска легенда Горан Пандев на инстаграм.
Пораката се однесува на министерот за надворешни работи Бујар Османи кој им додели дипломатски пасоши на Енис Барди, Александар Трајковски и на селекторот Боби Милевски.
Османи најави дека ако победат против Португалија сите репрезентативци ќе добијат дипломатски пасоши иако законот не предвидува такво нешто.
Од пораката на Пандев индиректно може да се забележи дека Османи со овој потег го злоупотребува спортскиот успех на фудбалерите за политички поени.

Најнова вест
Нема, нема, не ќе се напише поубаво име од Македонија
Поврзана и најчитана вест денеска
Николов како “Јужна” во Палермо: УУУ, ААА, Македонија, Македонија (ВИДЕО)






