Претседателот на Фудбалската федерација на Бугарија, Јордан Лечков, ја споредува неговата земја, која вечерва претрпе пораз од Финска, со Македонија.
„Реков пред 10 години, да го видиме домашното првенство, да ги видиме мечевите во среда и сабота, кои Бугари играат, видете ја Македонија, каде играат тие, каде играат нашите момчиња“, изјави Лечков по поразот од Финска.
Видео изјава на Лечков ОВДЕ
„Бескрајно ми е мачно, треба да имаме силно домашно првенство. Младите сè помалку имаат желба за спорт, тоа е расположението, сите сме виновни, дали јас, дали вие сте… Тоа е“, рече легендарниот плејмејкер на бугарската репрезентација, која пред 26 години ја победи Германија и потоа го освои четвртото место на СП 1994 што се играше во САД.
Токму Лечков го даде победничкиот гол против Германија.





