Марин Ле Пен, лидер на десничарската парламентарна група, остро ја критикуваше поддршката на Франција за санкциите против Русија.
Ваквиот став таа го нарече голема „геополитичка грешка“.
Таа, исто така, ги нарече „идиоти“ оние кои ја поддржуваат зелената агенда, наведувајќи ги како вистински виновници за зависноста на ЕУ од руските фосилни горива, пренесува Раша тудеј (РТ).
Енергетската криза во голема мера е резултат на напуштање на другите извори на енергија, имено нуклеарната енергија заради „зелените“ идеи, вели Ле Пен.
„Ако некој е одговорен за нашата зависност од Русија, тоа се идиотите и наивните кои се обложуваат на енергијата на ветерот и сонцето“, рече таа.
„Европската унија гледа дека нејзините ветувања за просперитет и мир тонат во економски, енергетски и геополитички грешки“, рече Ле Пен на партискиот состанок во неделата.
Париз беше „повлечен од Европската унија, полуден од војната во Украина, да усвои несоодветни и непромислени санкции“, додаде таа.







