Централниот одбор на Либерално-демократската партија донесе одлука партијата на следните локални избори, кои треба да се одржат во 2021 година, да настапи самостојно.
„Синоќа Централниот одбор донесе конечна одлука, но како партија ја оставивме отворена можноста за коалиција со други партии, здруженија на граѓани но и поединци кои имаат сродни програмски и политички определби со ЛДП“, соопшти претседателот на партијата Горан Милевски.






