Пратениците на СДСМ и ЛДП во Собранието гласале против предлог законот сите диво изградени викендици во национални паркови да бидат урнати а природата да биде вратена во природна состојба како пред дивоградбата.
Пратеникот Антонио Милошоски не ги открива причините но јавноста веќе знае за објектите во селото Трница во општина Ростуше Маврово каде што имаше афера за вили на блиски на високи функционери на власта. Меѓу нив е најверојатната идна лидерка на ЛДП Моника Зајкова која е блиска на премиерот Ковачевски.
,,🚩Предложивме законска забрана за градење на викендици во националните паркови, а доколку некој изградил викендица да не смее да се легализира по ниеден друг закон, туку да се отстрани и местото да се врати во првобитната состојба.
👇 Пратениците од СДСМ-ДУИ-ЛДП гласаа против овој предлог за заштита на националните паркови.
▶️Толку од “борците” за заштита на природата и Зелената владина агенда❗️”, објавува Милошоски.
Видеото на овој линк




