Фотографии од Сонцето од Кутлеш (Вергина) на реновираниот објект со име “Школка” во скопскиот градски парк се појавија на социјалните мрежи само неколку дена откако градоначалникот на Скопје Шилегов се пофали дека го окречил.
Утрово се споделува фотографија за која очевидци тврдат дека е вистинска и дека е резултат на “Герила акција” на противници на забраната за употреба на “Кутлеш” на јавни простори согласно Преспанскиот договор.
Предходно фан страницата „Млади за Македонија“ на Фејсбук објави друга фотографија од Школка во Градскиот парк во Скопје на која наводно е поставено Сонцето од Кутлеш.
“Градски парк Скопје, Македонија. Ја реконструиравме и школка во градскиот парк, пирејот се шири и нема да запреме овде. Вие едно ќе уништите/избрусите, ние пет нови ќе поставиме зашто тоа знаме и симбол е во нашите гени. Никогаш северна, само Македонија!”- порачаа Млади за Македонија на Фејсбук.

Градоначалникот Петре Шилегов деновиве, исто така на Фејсбук, се испофали со овој „најнов проект“, односно бојадисувањето на школката во Градскиот парк.
Тоа наиде на иронични коментари и потсмев, исто така на социјалните мрежи, каде имаше коментари дека бојадисувањето на школката е втор голем потфат на Шилегов по оној со менување на за 50 метри постојката за 57-ка во Градскиот трговски центар.
Шилегов не објави колку чини неговиот најнов “проект”.





