Против 52-годишниот М.Џ. од тетовска Палатица, Основното јавно обвинителство Тетово поднело кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“, казниво по член 366 став 1 од Кривичниот законик.
„Пријавениот се сомничи дека на 2 декември лажно пријавил дека во неговата куќа во Палатица била извршена тешка кражба во која биле одземени златен накит и девизи во вкупен износ од околу 100.000 евра, а во која наводно учествувал неговиот син А.Џ.(19) со уште три други лица, по што наводно се оддалечиле од куќата и заминале со возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки.
М.Џ. признал дека ја измислил целата приказна околу кражбата“, се вели во соопштението од Министерството за надворешни работи.







