Веќе не е вест да се каже дека премиерот Заев излажал нешто, тоа е веќе стара банална тема.
Она што е новина за него и неговите силни советници е дека на премиерот му недостасуваат автентични настани за да може да излезе во јавност и да ги раскажува неговите благо кажано чудни погледи на светот.
“75 годишнината од основањето на Сојузот на здруженијата на пензионерите се поклопува и со јубилејот – 30 години самостојност и нѐ потсетува дека токму оваа генерација граѓани на свои плеќи понесе најголем товар во времето кога државата работеше на консолидирање на економијата”.
Ова е текстот напишан од премиерот Заев за настанот и датумот најверојатно измислен од Пи-Арот на СДСМ каде тој се сретна со луѓе на кои им ги зголеми пензиите за цирка 25 денари.
Како на Заев му се поклопи денешниот датум со основањето на основањето на СЗО, и понатаму со денот на независноста не му е јасно никому му освен на неговите спинери кои откако почнале да го одбиваат на многу места мораат да измислуваат лажни јубилеи за да нивниот банален шеф излезе нешто да каже со сета своја баналност за да се оддаде впечаток дека се е под контрола.
“Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија е формиран во 1947 година, а својство на правно лице има од 27 април 1971 година кога е запишан во Регистарот на МВР како општествена организација, а по донесувањето на Законот за здруженија на граѓани и фондации во 1998 година е пререгистрирано во Основниот суд во Скопје”.

Горе наведеното го пишува на сајтот на Сојузот на здруженијата на пензионерите.
Таму никаде не се споменува денешниот датум 20 септември , ниту 8 септември, ниту 1991 година со што станува јасно дека денешниот настан никако не може да се поклопи со денот на независноста освен што се поклопува со нечија желба насмеаниот Заев да излезе пред камери и да кажува дека дебатата за одговорноста за 14 живи изгорени луѓе била банална.
Нема да се изненадам ако наскоро во недостаток на вистински реални настани Заев почне да оди по седиштата на СДСМ чии отварања ќе му се “поклопуваат” со националните јубилеи на соседните држави.
Само за да има каде да дава изјави пред да си замине на банален начин.






