Лажните Албанци во паника – Ќе се лаже ли во личните карти?

Дебатата за етничката припадност во личните карти отвара дилеми дали граѓаните кои на други места во институциите се прикажуваат со друга етничка припадност во личните карти ќе мора да бидат со реалниот или со позајмениот етницитет.



Изминативе години во низа јавни конкурси на институциите раководени од СДСМ беа примени на работа луѓе со македонски имиња и презимиња кои предходно се прикажувале како Македонци но на огласите се пријавиле и биле примени како лица со албанска, турска или ромска етничка припадност.

Ќе можат ли сега овие луѓе да го сменат ставот и наместо како Албанци кога се вработиле во администрацијата да бидат Македонци во личните карти ако се донесе законот.

Според меѓународното право нема пречка луѓето слободно да го менуваат своето чувство на етничка припадност па еден ден да си Македонец, вториот Албанец а третиот пак Македонец.

Македнските закони не предвидуваат рок во кој некој не смее да ја смени етничката припадност ниту дали може да има два етницитети.