Лажна вест, таткото на Коста К. не се обидел да се самоубие

Српската Управа за извршување на кривични санкции демантира дека таткото на момчето што го изврши масакрот вчера се обидел да се самоубие и тоа, како што објавија повеќе медиуми, со удирање на глава во ѕид.



Таткото на 13-годишниот масовен убиец од Белград се обидел да се самоубие: Удрил со глава во ѕид

Виктор, таткото на Коста Кецмановиќ, се наоѓа во Окружниот затвор во Белград, каде што е во притвор од 5 мај 2023 година за тешко кривично дело против општата јавна безбедност.

„Уапсениот на ниту еден начин не го прекршил куќниот ред што важат за сите лица во притвор, ниту на кој било начин го загрозил својот или животот на друго лице.

Со оглед на тоа што се работи за лице кое се наоѓа во притвор, презентирање на која било друга информација покрај горенаведеното, тоа би значело прекршување на Законот за заштита на личните податоци“, соопшти Управата.

Оттаму соопштуваат дека со фабрикување настан што не се случил, јавноста дополнително се вознемирува и се доведува во заблуда, што е веќе потресен од многу дезинформации кои за жал си го најдоа своето место во медиумите.просторот по трагичниот настан што се случи на 3 мај во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград.