Лажна Грета Тунберг му се јавила на премиерот Заев!?

Марјан Забрчанец, ПР советник на премиерот Заев изјави дека пред неколку дена бил разоткриен хибриден напад врз кабинетот на премиерот, при што бил злоупотребен идентитетот на младата еко-активистка, Грета Тунберг,



Тој во своето излагање, во рамки на дискусијата за дезинформации на конференцијата е-Општество, соопшти дека манипулаторите употребиле брендирани е-маил адреси и телефонски броеви, и преку официјално барање до македонско дипломатско претставништво, успеале да закажат и да реализираат телефонски разговор со премиерот Заев, претставувајќи се како Грета Тунберг и нејзиниот татко.

Одредени делови од разговорот биле сомнителни за премиерот и за неговите советници, но сепак била донесена одлука разговорот да оди до крај, со цел да се разоткрие сомнежот.

„Веднаш после завршениот разговор, ги направивме сите проверки за верификација на идентитетот на соговорниците, и денес со сигурност можеме да кажеме дека разоткривме хибриден напад врз кабинетот на премиерот“, рече Забрчанец, пренесуваат медиуми.

Според забрчанец, овој случај на хибриден напад бил многу пософистициран од случајот со руските пранкери, но внимателната комуникација овозможила да биде разоткриен и разобличен.