Лажна дојава за бомба во централната пошта во Скопје

Најавите за биомби- секојдневица. Повторната закана за поставена експолозивна направа денеска целеше кон седиштето на Македонски Пошти Централната Пошта во Скопје и повторно станува збор за лажна дојава..



Ваквите хибридни напади, како што ги нарекуваат надлежните, доста негативно влијаат кај населението, а тие се чувствуаат небезбедно.

По добиената порака на меилот полицијата излезе со своите тимови за антитероризам да ги направи потребните проверки.

МВР, Направени се сите потребни проверки по добиена порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа и е утврдено дека станува збор за лажна пријава. 

Дојавите за бомби ја бомбардираат јавноста- особено во Скопје, а освен училишта со вакви закани се имаат соочено државни институции транспортен центар, хотели, полициска станица а денеска и Пошти. До денеска се лажни , но јавноста постојано предупредува-тоа не треба да ги опушта надлежните- мора да се  да се откријаат испраќачите на заканувачките пораки, кои создаваат секојдневно страв, стрес и паника. 

Извор: тв 24