Лазаров во „Куќата на славните“ на ЕХФ

Македонскиот ракометен великан Кирил Лазаров е избран меѓу 32 машки члена на „Куќата на славните“ на Европската ракометна федерација (ЕХФ), која за 30-годишниот јубилеј на Лигата на шампионите на гала вечера во Виена ги прогласи најдобрите играчи во историјата на елитното клупско натпреварување.



На селекторот на македонската репрезентација и тренер на вицешампионот Алкалоид друштво на позицијата десен бек му прават неговиот идол Олафур Стефансон и Ласло Наѓ.

Први леви крила во „Куќата на славните“ се Штефан Кречмар, Гудјон Валур Сигурдсон, Мишел Гигу, Николај Јакобсен и Ксавиер О’Калахан, леви бекови Даниел Нарсис, Сјархеј Рутенка, Момир Илиќ и Филип Јиха, средни бекови Џексон Ричардсон, Ивано Балиќ, Енрике Масип, Талант Душебаев и Стефан Ловгрен, десни крила Виктор Томас, Ирфан Смајлагиќ, Ласе Сван и Вид Кавтичник, пикери Магнус Висландер, Драган Шкрбиќ, Кристијан Шварцер, Карлос Прието и Бјарте Мирхол и голмани Тиери Омејер, Томас Свенсон и Арпад Штербик.

Меѓу легендите како најдобри дефанзивци се најдоа Андреј Чепкин, Ола Линдгрен и Дидие Динар.