Лазаров и Нант поблиску до Келн од Веспрем

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров и Нант славеа со 32:28 во првиот натпревар со Веспрем од четвртфиналето во Лигата на шампионите.



Десниот бек на францускиот првак, капитен и селектор на репрезентацијата на Македонија постигна 4 гола против тимот од Унгарија што во претходниот круг го елиминира Вардар.

Реваншот е на 20 мај во Веспрем, а завршниот турнир на 12 и 13 јуни во арената „Ланксес“ во Келн.