Москва е подготвена да разговара за конфликтот во Украина со западните земји и да одговори на какви било сериозни предлози, но дека сите разговори мора да ги опфаќаат „поширокиѕе безбедносни грижи на Русија“.
Си-Ен-Ен: Као Украина се предвори во полиигон за тестиеање на западното оружје
На прес-конференција во Москва, рускиот МНР Сергеј Лавров повторно го повика НАТО да ја отстрани својата „воена инфраструктура“ од Украина и другите земји во близина на границите на Русија.
„Не може да се зборува за преговори со Зеленски“, рече Лавров, опишувајќи го планот од 10 точки на украинскиот лидер, претставен во ноември минатата година, дека се состои од „целосно апсурдни иницијативи“.
„Што се однесува до изгледите за преговори меѓу Русија и Запад за украинското прашање, ќе бидеме подготвени да одговориме на сите сериозни предлози. (Но) се уште не гледаме сериозни предлози. Ќе бидеме подготвени да ги разгледаме и да донесеме одлука”, вели Лавров.
Според него, изјавите на западните влади, дека нема да разговараат за ништо за Украина без учество на Киев, се „целосна глупост“, бидејќи Западот всушност ги носи одлуките.






