Лавров: Запад не дозволува Украина да преговара со Москва!?

Малку е веројатно дека западните сили ќе и дозволат на Украина да се врати на преговарачка маса, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.



Во интервју за националната телевизија на Белорусија, тој рече дека не гледа можност да му биде дозволено да ги продолжи преговорите

„Британскиот премиер ги повика НАТО и земјите од Г-7 да не поднесуваат „лош мир“ во конфликтот Украина-Русија, велејќи дека тоа ќе доведе до ескалација на воената машина на Владимир Путин“-рече Борис Џонсон.

Лавров додаде дека со задоволство би ја прифатил поканата на претседателот на Белорусија Александар Лукашенко да се соберат на разговори на територијата на Белорусија.

„Не гледам можност Украина да даде какви било предлози, но ниту ние нема да предложиме ништо. Одамна ги дадовме нашите предлози. Сега топката е на нивна страна“, рече Лавров.

На прашањето дали има смисла да се понуди нова верзија на договорот со Киев, еден вид нов договор од Минск, во време кога западните партнери се однесуваат онака како што се однесуваат, Лавров посочи дека работата во постоечките формати би била бесмислена.