Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го отфрли извештајот на новинската агенција дека бил пренесен во болница поради срцева болест, укорувајќи ги западните новинари за, како што рече, лажно известување.
Асошиетед прес, повикувајќи се на индонезиски официјални лица, соопшти дека Лавров бил пренесен во болница по пристигнувањето на островот Бали на самитот на Групата 20.
АП соопшти дека Лавров (72) бил лекуван од срцева болест.
„Десет години се пишуваше за нашиот претседател дека му се слошило. Ова е генерално игра која не е нова во политиката“, изјави шефот на руската дипломатија.
Тој ги советуваше „западните новинари кои ја објавија веста за неговото хоспитализација“ да бидат поискрени и почесто да ја пишуваат вистината и посочи дека се подготвува за утрешните средби на самитот на Г-20 на Бали.
„Утре има неколку состаноци, ќе ја усвоиме завршната декларација. Штотуку се јави министерот за надворешни работи на Индонезија, кој е претседавач со министерскиот процес. Сега преговорите завршуваат, нашите експерти се тука, но министерот телефонски ја следи оваа состојба“, појасни тој.







