Лавров во болница, Русите тврдат дека е „лажна вест“

Сергеј Лавров бил пренесен во болница по пристигнувањето на самитот на Г-20 на Бали, соопштија индонезиските власти, јави Ројтерс.



Два извори изјавија за Асошиетед прес дека Лавров имал проблеми со срцето.

Веднаш по објавувањето на веста, руското Министерство за надворешни работи соопшти дека извештаите се „лажни вести“.

Претходно, како што дознава „Политико“ се барало модел како рускиот претставник Сергеј Лавров да биде исклучен од заедничката фотографија на учесниците на Самитот.

Причина за тоа било да се поштедат другите лидери од срамот да бидат фотографирани како насмеани покрај Лавров.

Заедничката фотосесија со Лавров би била особено проблематична во случајот со доаѓањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој се очекува да учествува на самитот.

Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова објави видео што ги демантира вестите за здравствената состојба на Лавров.