Рускиот министер за надворешни работи вели дека Украина стана „потрошна стока“ на Западот“ во хибридната војна против Русија.
„Сега никој не се сомнева во тоа. Тоа е јавно објавено. Жосеп Борел, министерот за надворешни работи на ЕУ, вели дека „победата во оваа војна мора да се постигне на бојното поле“, рече министерот.
Тој потсети и на изјавите на западните лидери дека „Русија мора да биде поразена. Односно, тие објавија војна и тоа не меѓу Украина и Русија, туку меѓу Западот и Русија“, рече Лавров.
Тој исто такапотсети на изјавите дека ќе ѝ се спротивстават на Москва до „последниот Украинец“.
Рускиот министер за надворешни работи смета дека влезот на Финска и Шведска „веројатно нема да промени ништо значајно“, бидејќи двете нордиски земји веќе долги години учествуваат во воените вежби на Алијансата.
„НАТО одамна ја зема предвид територијата на Шведска и Финска кога планира воено напредување кон исток. Така, во оваа смисла, веројатно нема голема разлика“, рече Лавров, пренесува Интерфакс.
Рускиот министер додаде дека Москва ќе види како НАТО ќе ја искористи територијата на тие две земји и дека врз основа на тоа ќе донесува заклучоци.(Б92)







