Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди дека рретата светска војна ќе биде „нуклеарна и деструктивна“, објави „Индипендент“
Лавров рече дека Русија, која минатата недела започна, како што ја нарекува, „специјална воена операција против Украина“, ќе се соочи со „реална опасност“ доколку Киев добие нуклеарно оружје.
Лавров на Конференцијата за разоружување во вторникот рече дека се преземаат сите мерки за да се осигура дека Украина не обезбед нуклеарен арсенал.
„Ризикот од разорна нуклеарна војна се зголеми минатата недела кога Владмир Путин ги стави руските сили за нуклеарно одвраќање на висока готовност – потсетува „Индипендент“ – наведувајќи ги „агресивните изјави“ на НАТО и строгите финансиски санкции.







