Долгогодишниот шеф на руската дипломатија, Сергеј Лавров, иронично им се „заблагодари“ на американските власти што му издале виза за да присуствува на на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
„Среќен сум што имав можност да се сретнеме во Њујорк.
Среќен сум што добив американска виза на крајот, за разлика од членовите на мојата делегација“, рече Лавров на почетокот на трилатералната средба за Сирија на маргините на Генералното собрание на ООН.
На десет члена на руската делегација, вклучително и на претседателот на Комитетот за меѓународни односи на Советот на Руската Федерација, Константин Косачев, не им беше издадена виза.
Од канцеларијата на Генералниот секретар на ОН, се испитува овој случај и се нагласува дека САД се должни да им издаваат визи на претставниците на државите за да присуствуваат на состаноците во Светската организација чие седиште е во Њујорк.





