Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров е скандализиран од изјавата на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел според кој Унијата ќе ја прошири воената помош за Украина а на прашањето за подготвеноста на ЕУ да употреби сила воопшто, рече: „Да, војните обично се добиваат или губат на бојното поле“.



Борел: ЕУ ќе помогне Украина да ја добие војната на бојно поле

„Ова, се разбира, е скандалозна изјава“, рече Сергеј Лавров и вети дека по анализа ќе има официјален одговор од ресорот со кој раководи.

Тој потсети дека Европската Унија никогаш не дејствувала како воена организација, а Германија за првпат во историјата издвоила 100 милијарди евра „за зголемување на воените сили“, што воедно, како што е убеден министерот, е „квалитативна промена. ”

Тоа е и знак за градење некаква колективна воена структура.

„Резултатот од сета оваа автономија е нула, бидејќи се што се прави е целосно контролирано од САД, на ЕУ не и е дадена никаква независна улога, вклучително и во напорите што се прават во рамките на ЕУ“, рече Лавров.

„Ова е многу сериозен пресврт во политиката на ЕУ и на Западот во целина, на чело со Соединетите држави, кои тие ја водат од почетокот на нашата специјална воена операција“, рече Лавров.

Ова е политика што ја претвори Украина во отскочна даска за конечно потиснување на Русија во дует со нејзината потчинетост на глобалниот систем на Западот“ вели Лавров.