На Фејсбук страницата на Амбасадата на Русија во Скопје е објавена фотографија од средба на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров со претседавачот на ОБСЕ, министерот Бујар Османи и шефот на дипломатијата на Малта, Jaн Борг.

Со други зборови, од Русија е добиена согласноста по Македонија, идната година претгседавањето со ОБСЕ да ѝ се довери на Малта. Треба да се има предвид дека во ОБСЕ одлучувањето е по принципот на консензус, што значи дека ако една членка е против, тогаш одлука нема.
Османи неодамна рече дека Малта е вистинското решение за да се избегне криза во дејствувањето на организацијата.





