Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, вели дека САД преку дипломатски канали сигнализираа дека не сакаат и нема директно да се судрат со Русија.
„Ги прашавме Американците преку дипломатски канали, кои нашата амбасада во САД сè уште ги одржува, дали одлуката да се испратат системи „Патриот“ во Украина значи дека таму ќе бидат и американски експерти, со оглед на сложеноста на работата на овие системи.
Беше објаснето дека тоа не било планирано особено затоа што Американците не сакаат и нема директно да се судрат со Русија“, изјави Лавров за ТАСС.
Според сознанијата на Лавров, системите „Патриот“ ќе бидат распоредени во рок од неколку месеци, но само откако украинските војници ќе се запознаат со оваа технологија.







