Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека американските власти признале дека експлозиите на гасоводот „Северен тек“ биле дело на САД.



Американски новинар тврди: Бајден наредил да се разнесе „Северен тек“

„Американските власти во суштина признаваат дека експлозиите што ги потресоа Северен тек 1 и 2 се нивно дело. Тие дури се насладуваат кога зборуваат за тоа“, рече Лавров, пренесува ТАСС.

Агенцијата пишува дека американскиот помошник државен секретар Викторија Нулад на 27 јануари изјави дека САД се задоволни што „Северен тек 2“ нема да профункционира. Компанијата „Северен тек“ на 27 септември соопшти дека се оштетени три цевководи од Северен тек 1 и 2, пренесува Б92

Според Лавров, Америка оценила дека Русија и Германија соработувале „премногу добро“ во последните 20-30 години, воспоставувајќи моќен сојуз заснован на руски ресурси и германска технологија.

„Тоа стана закана за монополската позиција на бројни американски корпорации. Затоа беше неопходно некако и намерно да се уништи“, додаде рускиот министер.

Лавров рече дека постои аспект поврзан со тоа што пријателството меѓу Москва и Берлин, националното помирување што се случи меѓу Русите и Германците, на некои им станало трн во око.