Русија не се откажува од преговорите со Украина, но пролонгирањето на процесот ќе го отежне Киев да постигне договор со Москва, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Тој го поврза недостигот на преговори со позицијата на Украина која е поддржана од западните земји.
Барањето за разговори доаѓа на шестиот ден откако украинската армија ја започна својата контраофанзива во регионот Харков, каде што очигледно напредува.
Рускиот министер за надворешни работи потсетува дека руската позиција за прашањето за преговорите со Украина ја претстави претседателот Владимир Путин на средба со раководството на Државната дума и лидерите на фракции, пренесува ТАСС.
„Ние не се откажуваме од преговорите, но оние кои одбиваат треба да разберат дека колку подолго го одолговлекуваат овој процес, толку потешко ќе им биде да преговараат со нас“, рече тој.
Лавров истакна дека за време на разговорите во Истанбул на крајот на март, украинската делегација дала предлози за договор кои биле поддржани од Русија, но Киев потоа се откажал од постигнатите договори.






