Ова го изјави рускиот министер за надворешни работи во интервју за ТАСС.



Сергеј Лавров рече дека палестинскиот народ има „легитимно право“ на сопствена суверена држава, чии граници го вклучуваат Појасот Газа, Западниот Брег и Источен Ерусалим.

Според него, мора да се стави крај на „маѓепсаниот круг на насилство“ во тековниот израелско-палестински конфликт.

Лавров смета дека „оправдувањето“ на терористичките акти, како и одговорот на Израел на овие акти, е „грубо кршење“ на меѓународното право.

Тој рече дека методите што ги користи Израел се „колективна казна“ и додаде дека нивното однесување за време на конфликтот само поттикнало повеќе терористички акти и обратно.