Ослободувањето на украинскиот регион Донбас е „безусловен приоритет“ за Москва, додека другите украински територии мора сами да одлучат за својата иднина, изјави чера рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за францускиот телевизиски канал TF1.
„Ослободувањето на областите Доњецк и Луганск, признати од Руската Федерација како независни држави, е безусловен приоритет“, рече Лавров, според текстот објавен од руското Министерство за надворешни работи.
Што се однесува до остатокот од Украина, тој рече:
„Не верувам дека ќе бидат среќни да се вратат во неонацистички режим кој се покажа како русофобичен по природа. Овие луѓе треба сами да одлучат“.
Руската инвазија, рече тој, стана „неизбежна“ откако западните земји не го послушаа она што тој го опиша како предупредувања за занемарувањето и воените напади на Украина врз нејзините граѓани кои зборуваат руски.







