РУСКИОТ министер за надворешни работи Сергеј Лавров вели дека преговорите со Украина не се лесни, но дека има надеж за компромис.
„Се водам од оценките дадени од нашите преговарачи“, рече тој.
„Тие велат дека преговорите не се лесни од очигледни причини. Но, сепак, постои одредена надеж за постигнување компромис“, рече Лавров.
Тој вели дека проблемите не се само за „неутралноста и демилитаризацијата на Украина“, туку и за безбедноста на луѓето во источна Украина, во регионите Доњецк и Луганск кои се под контрола на бунтовниците.







