Лавров: Москва е подготвена да преговара за Украина, но…

Во интервју за ТАСС кое треба да биде објавено денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва е подготвена да преговара за Украина, но имајќи ги предвид реалноста на теренот и руските безбедносни интереси.



„Нашиот став останува: ние сме подготвени да преговараме, но да преговараме во поглед на реалноста што сега се развива на терен и во поглед на нашата позиција, која им е добро позната на сите, во поглед на нашите интереси, интересите на нашите безбедноста, интересите да не се дозволи создавање непријателски нацистички режим на границите на Русија, кој отворено ја прогласи целта за истребување на сите Руси во оние земји – Крим и во Новорусија – кои се контролирани и населени од рускиот народ со векови“, рече министерот за надворешни работи на Кремљ.

Лавров претходно изјави дека колку подолго Киев ги одолговлекува преговорите со Москва, толку потешко ќе биде подоцна да се преговара.

Според него, првиот чекор за такви контакти треба да биде откажување на указот на претседателот на Украина Володимир Зеленски за забрана на дијалогот со Москва.

Неколку дена претходно, Лавров изјави дека иако Русија е подготвена да учествува во разговорите за Украина, нема да разгледа никакви предлози за прекин на огнот бидејќи „веќе еднаш е измамена“, пренесе АП.

Лавров рече дека Русија го поддржува територијалниот интегритет на Украина „според условите“ на нејзината Декларација за независност, усвоена во 1991 година, според која таа „ќе биде неврзана земја и нема да влегува во никакви воени сојузи“.