Лавров: Крајот на војната во Украина зависи од САД

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека војната во Украина може да заврши „кога САД ќе ги напуштат своите сојузници, исто како што тоа го направија во Авганистан“.



Како што јави руската режимска новинска агенција Тас, шефот на руската дипломатија рече дека САД „ги напуштија авганистанските лидери на кои се потпираа за време на 20-годишната окупација на таа земја“.

„Се надевам дека современите политичари обрнуваат внимание на историјата. Политиколозите пишуваат многу за тоа.

Тие предвидуваат дека ова ќе трае се додека им требаат на Американците. Тие луѓе (владата во Киев) ќе бидат на власт се додека ѝ требаат на Америка“, рече Лавров.