Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров денеска изјави дека колку подолго трае конфликтот во Украина, толку потешки ќе бидат условите под кои можат да започнат мировните преговори.
„Претседателот (на Русија, Владимир Путин) еднаш рече дека оние кои сега се против преговорите, вклучително и оние кои му забранија (претседателот на Украина Володимир) Зеленски да го потпише веќе постигнатиот договор во април 2022 година, мора да сфатат дека колку подолго го принудуваат Зеленски да води војна, ќе им биде потешко условите во кои може да започнат преговорите“, рече Лавров по состанокот на колегиумот на министерствата за надворешни работи на Русија и Белорусија.
Тој повтори дека Русија никогаш не „бегала од преговори“, пренесуваат медиуми.





