Иако Русија го прифати преименувањето на Македонија, министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, не ја користи географската одредница во објаснувањето дали ќе дојде на самитот на ОБСЕ во Скопје.
„Ако некој ни пријде, ние никогаш не бегаме и не се криеме. Се чини дека Македонија нè повика на состанок на Советот на министрите за надворешни работи на ОБСЕ. Очигледно, Бугарија ѝ вети на Македонија дека ќе го отвори својот воздушен простор – ако тоа се случи, тогаш ќе бидеме таму. Ајде да видиме како тие комуницираат таму. Веќе има неколку барања за средби, ако завршиме таму – вклучително и од западните претставници“, изјави Лавров.






