Лавров: Има информации дека за Донбас се регрутираат платеници од Балканот

Русија внимателно ги проверува информациите кои сугерираат дека платеници од Косово, како и од Албанија и Босна и Херцеговина се регрутираат за распоредување во Донбас, изјави министерот за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за РТ, пренесува Спутник.



Подготвени сме за војна со Русите – има многу Албанци во украинската армија

„Има информации дека се регрутираат платеници во Косово, Албанија и Босна и Херцеговина со цел да се исфрли Русија од рамнотежа и да се испратат меѓу другото во Донбас. Сега повторно го проверуваме тоа – рече Лавров.

Претходно овој месец, објавено беше за присуство на британски и полски платеници кои дејствуваат во близина на линијата на фронтот во источна Украина.