Министерот за надворешни работи на Турција денеска најави тристрана средба со Украина и Русија што ќе се одржи на Форумот за дипломатија во Анталија подоцна оваа недела.
„Овој состанок во трипартитен формат ќе го одржиме во четврток на 10 март во Анталија“, рече Мевлут Чавушоглу.
Изразувајќи надеж дека средбата „ќе биде пресвртница“ и „важен чекор“ кон мирот и стабилноста, турскиот министер за надворешни работи рече дека Анкара „ќе продолжи да прави напори за траен мир“.
Форумот за дипломатија во Анталија ќе се одржи од 11 до 13 март во јужниот туристички град Анталија во Турција..






