Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го обвини Западот дека се обидува да ги попречи преговорите меѓу Русија и Украина со поттикнување „хистерија“ поради наводните воени злосторства од страна на силите на Москва.
Киев и Западот велат дека има докази – вклучувајќи слики и сведочења на сведоци собрани од Ројтерс и други медиумски организации – дека Русија извршила воени злосторства во украинскиот град Буча. Москва го негира обвинението и ги нарече наводите „монструозен фалсификат“.
Лавров, без да обезбеди докази, изјави дека Москва верува оти обвиненијата биле темпирани да го уништат преговарачкиот процес по, како што рече, напредок кога украинските и руските претставници се сретнаа во Турција во минатата недела, пренесе РСЕ.
„Ние сме склони да мислиме дека причината е желбата да се најде изговор за прекин на преговорите што се водат“, рече тој во видеото објавено од руското Министерство за надворешни работи.







