Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, вели дека секоја пратка од Франција, која содржи оружје, ќе биде легитимна цел за руските сили откако Париз најави а конечно и одлучи во рок од две месеца да испрати лесни борбени тенкови AMX 10-RC на Украина.
Франција ќе ѝ даде тенкови на Украина
Министерството за надворешни работи на Русија претходно објави дека земјите од НАТО играат војна со снабдување со оружје на Украина, а портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека пумпањето на Украина со оружје од Запад не придонесува за руско-украинските преговори и ќе има негативен ефект, пренесе „Новости.рс“.






