По вчера објавената информација на Expres.mk за скандалозната „поезија“ во Збирката поезија од проектот „Млади поети“ во која „авторот“ со приучен уличен вокабулар се обидува да состави поетско писание со навреда на градоначалник, премиер, претседател , тргна вистинска лавина реакции на социјалните мрежи во кои се изразува чудење но и гадење од стиховите на песната „Партиски вработена“:

…Велат дека го примила
корнишонот на премиерот.
Со коор тој ја нишанел
и право „у срида“ погодил!
Велат дека дала с’е
пред претседателот.
Од што го бива за прцање
го викаат „прцадателот“…
Авторот на писанието е небитен непознат за пошироката јавност и во „поетски“ кругови, а Агенцијата за спорт и млади преку својот Фејсбук профил се огради од поетската книга во која пишува за “грдата Мирка која на директорот му го дирка” и други слични небулози и говор на омраза на етничка и верска оснива финансирани со државни пари.
„Агенцијата за млади и спорт се оградува од содржина која содржи дискриминација и смета дека е недолична. Во тек е истрага за утврдување на фактите и причините кои довеле ваквата содржина да биде објавена, после што јавноста ќе биде информирана за мерките и одговорноста кои ќе се преземат“.
По пишувањето на Expres,mk, на Фејсбук синоќа беа објавени и други содржини од збирката која била испечатена во тираж од 5.000 примероци а како уредник е потпишан директорот Дарко Каевски.
Стиховите се експлицитно навредливи на етничка основа…
Збирката е резултат на огласот од октомври минатата година на кој Агенцијата замлади и спорт ги повикува сите млади да поднесат свои авторски творби, согласно утврдените критерииуми: да се на возраст од 15 до 29 години, да немаат објавено збирка поезија, да достават најмалку две поетски творби.
„Творечката слобода“ на авторите, како што може да се види, била целосно загарантирана, а за трите првонаградени на Огласот била обезбедена награда од 20, 15 и10 илјади денари.
На социјалните мрежи се појавија повеќе коментари:






