Огромен број на за него поразителни коментари доби скопскиот градоначалник Петре Шилегов откако вчера пред полноќ објави пост во кој граѓаните ги дели на леви и десни, на наши и други.
“Јас сум левичар. До коска. Затоа што ги сакам луѓето.
Не знам дали сте приметиле, драги мои, дека во секоја криза, се бараме едни со други. За да си помогнеме.
Оние другите (десните) секогаш кога е криза, очајно се обидуваат да фатат приклучок. Ама неспретно. Бидејќи не се искрени. Не знаат како … Бидејќи не ги сакаат луѓето. Се сакаат само себе си. И својот интерес.
За се’ друго лажат. Затоа се неспретни. Во лажната “љубов”, во “душегрижништво” …
Со десна се крстат, а со лева крадат.
Затоа се “изгубени” секогаш кога треба да покажат хуманост …
Хуманоста секогаш победува. Затоа што љубовта секогаш победува. А љубовта е давање и земање. Не само земање.
Ќе победи хуманоста. Над лицемерието. Ќе победиме ние. Луѓето. Над нив, себичните простаци…
Имајте убава, мирна ноќ, вие достојни луѓе. Ќе ги победиме. Секогаш.
Затоа што сме искрени. Во човечноста …”, напиша Шилегов на Фејсбук.
На објавата во која Шилегов ги дели граѓаните на идеолошка и партиска основа меѓу другите реагираше и новинарот Бранко Героски кој забележува за негативната порака на градскиот татко на Скопје.
“Петре друже… Од твојот пост издвојувам. „Оние другите“. „Не ги сакаат луѓето“. „Не се искрени“. „Лажат“. „Крадат“. „Изгубени се“. „Ќе победиме ние“. Итн. И како тоа ги сакаш луѓето? За да ги победиш? Contradictio in adjecto, друже Петре! Имај убава ноќ. Победувај ги сите додека спиеш. Победувај ги и на јаве. Ако е тоа тоа твое левичарење… Остани негативен”, му напиша Героски на Шилегов по што започнуваат стотици коментари во кои само малкумина го бранат Шилегов.
Дури и некогашни пријатели и сопартијци на градоначалникот му забележуваат дека направил грешка со објавата во чии коментари има многу интересни информации како документ за неговата имотна состојба но и такви кои укажуваат на нечесност, злоупотреби, па дури и можна корупција на новинари.
Дебатата е на следниот линк
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3229613487263227&id=100006438224726
„Левичарот до коска“ Шилегов удри по „оние другите (десните)“!






