„Имавте доволно време да ги отстраните сите недостатоци. Ова се прашања на граѓаните на цел тој регион. Зошто дававте такви изјави дека денес ќе се пушти, утре ќе се пушти. Тоа е популистичка ваша изјава. Нели се боревте против популизам.
Не мора свечено, пуштете го патот, па по изборите, правете свечено отворање“, рече денеска пратеничката Благица Ласовска.
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, не беше задоволна од одговорот на министерот Сугаревски на нејзиното прашање кога конечно ќе биде пуштен автопатот Миладиновци-Штип.
Според Министерот, било констатирано дека на автопатот с’е уште не е безбедно.





